Аеродром: Уште едно училиште доби реконструкција

ОпштиниАеродром: Уште едно училиште доби реконструкција

Најчитано

Учениците од ОУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром новата учебна година ќе ја започнат во училиште со целосно реконструиран долен кат.

Овие денови се одвива реконструкцијата со која училниците ќе бидат подновени со нови врати и прозорци, бојадисани ѕидови, изолација и други различни содржини што ќе им овозможи на учениците настава во попријатна и современа атмосфера.

Станува збор за инвестиција на општината во износ од 4 милиони денари. Покрај овие активности, реконструкција на застарените делови од училиштата имаше и во ОУ „Лазо Ангеловски“, ОУ „Блаже Конески“ доби целосно нова енергетски-ефикасна фасада и започна процесот за доградба, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ наскоро добива нов современ спортско-рекреативен и едукативен полигон, а истовремено во останатите училишта се изведуваат тековни активности за обновување, одржување и осовременување на целата образовна инфраструктура.

 

 

Извор:Општина Аеродром 

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе