spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Телефонски разговор Османи - Реинсалу

МНР: Телефонски разговор Османи – Реинсалу

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера оствари телефонски разговор со новиот министерот за надворешни работи на Република Естонија, Урмас Реинсалу.
Честитајќи му ја новата функција, министерот Османи изрази задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и притоа ја реафирмира заложбата за развој на соработката, особено во сферата на дигитализација, користејќи го естонското искуство за модернизација и дигитализација на нашето општество.
Во фокусот на разговорите беше иднината на процесот на проширување на Европската Унија во светло на почетокот на преговорите со Република Северна Македонијa. Министерот Османи се заблагодари за континуирана и силна поддршка од Естонија, потенцирајќи ја историската важност од одржувањето на Првата Меѓувладина Конференција во Брисел, што претставува ново поглавје во односите со Европската Унија. Министерот информира и за идните чекори  и реформи кои престојат во Северна Македонија, а се поврзани со текот на преговорите и унапредувањето на добрососедските односи.
Министерот Реинсалу оддаде признание за носењето храбри одлуки за изнаоѓање решение за придвижување на европскиот процес и потврдување на европската иднина на нашата држава. Дополнително, ја реафирмира естонската поддршка на нашите евроинтеграции.
Беше поздравено нашето сојузништвото во НАТО, со посебен акцент на последиците врз Европа предизвикани од руската агресија врз Украина,  како и за улогата на Балтичките земји во сочувување на стабилноста и безбедноста на европскиот континент.
Беа разменети и мислења околу идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ следната година како и други актуелни прашања од доменот на надворешната политика.

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...