spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Погодено од силно невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер...

Кавадарци: Погодено од силно невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења

Изминатиот викенд Кавадарци го погоди невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.До повикувачкиот центар во Општината беа поднесени околу 50-тина пријави од граѓаните за поплавени подрумски простории, санирање на одводи и наноси од кал.

Интензивно на терен беа екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” За половина час наврнале 40литри/м2. Невремето направи голема штета, па затоа акцијата на службите траеше деноноќно на повеќе локации низ градот додека не се интервенираше таму каде што е потребно.

А овие два дена од утринските часови започна генералното чистење и средување на градот со гребење,чистење решетки и сливници, метење и перење каде активни беа три цистерни на ЈП Комуналец, една цистерна на ТППЕ Кавадарци, служби од Водовод,Зеленило и од Механизација мал скип и товарни возила. Градоначалникот Митко Јанчев деновиве ќе формира Комисија за процена на штети од елементарни непогоди.

 

 

Погледнете: Општина Кавадарци 

 

 

 

Извор: Општина Кавадарци 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...