spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: Саем за производители и туризам, уште два настани викендот

Крушево: Саем за производители и туризам, уште два настани викендот

Саемот за производители и туризам ќе започне во 10 часот во сабота(20.08.2022г.) во спортската сала Војвода Ѓорѓи Стојанов, а бизнис форумот ќе се одржи ден потоа во горната училишна зграда со почеток во 11 часот.

На саемот ќе учествуваат околу 20 компании од Северна Македонија и Балканот и истиот ќе биде отворен до 17 часот. Веќе во недела, 21.08.2022г., ќе се одржи бизнис форум на кој ќе се претстават компаниите учесници. Форумот ќе биде отворен за посетители до 15:30 часот.

Викендот што претстои ќе се одржат уште неколку настани. на 19-ти август ќе започне ФИС ролер ски купот „Тоше Проески“, а на 20-ти и 21-ви ќе се одржи фестивалот на отворено Крушево низ корија.

Саемот и бизнис форумот се организираат од маркетинг агенцијата Еуростеп и општина Крушево во соработка со компаниите учеснички.

 

 

 

Извор: Општина Крушево

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...