spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работен состанок Алити-Ивановска

МИОА: Работен состанок Алити-Ивановска

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити вчера се сретна со г. Билјана Ивановска – претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата како и други членови на оваа комисија.
Соговорниците разговараа за идните планови и можности за соработка.
Алити ја информираше за заложбите за професионална јавна администрација која нуди квалитетни услуги за граѓаните.
Важноста на центарот за обука, академијата за е-учење и дигитализацијата во развојот на таква ефикасна и ефективна администрација заснована на интегритет, транспарентност и професионалност беше во фокусот дискусиите.
Алити нагласи дека МИОА е целосно подготвено и поддржува секаква соработка во оваа насока.
Странките се договорија дека ваквите продуктивни средби да ги продолжат и во иднина.

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...