spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Пецаков уверен дека ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон

Охрид: Градоначалникот Пецаков уверен дека ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон

Денес градоначалникот Кирил Пецаков одржа координативен состанок со претставниците на пливачките клубови од градов, со цел надминување на проблемите околу одржувањето на Охридскиот пливачки маратон.

На состанокот беше изнесено мислењето дека Општина Охрид заедно со  пливачките клубови, може да одговори на предизвикот во однос на техничката организација на спортскиот настан, но останува на пливачката федерација и Агенцијата за млади и спорт да го понесат својот дел од одговорноста.

– Општина Охрид ќе направи сè, односно 99 отсто, Охридскиот пливачки маратон да се одржи. Локалната самоуправа ќе стори сè од следната година да ја преземе организацијата на манифестацијата во свои раце, заедно со пливачките клубови. И оваа година ќе направиме сè што е и што не е во наша моќ за да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата, на што веднаш добив одговор од Агенција за млади и спорт“,  изјави по состанокот Пецаков.

Се очекува во текот на денешниот и утрешниот ден градоначалникот да оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовкси, по што ќе имаме појасна слика за одржувањето на маратонот.

 

 

 

 

 

 

 

Извор::Општина Охрид 

 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....