spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваТренчевска: Инвестираме во детската заштита, дел од Домот за доенчиња и мали...

Тренчевска: Инвестираме во детската заштита, дел од Домот за доенчиња и мали деца во Битола станува детска градинка која ќе згрижи 80 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска потпишаа Договор за соработка со кој двете страни се согласни да соработуваат и да делуваат во рамките на своите стратешки определби преку поддршка на активности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на детската заштита, со цел да придонесат за зголемување на опфат на деца во детските  градинки.

Потпишувањето на Договорот за соработка предвидува адаптација на дел од објект на Дом за доенчиња и мали деца во Битола, во детска градинка која ќе биде во состав на ЈОУДГ ,,Мајски цвет“ – Битола, со капацитет од 80 деца, согласно програмата на Владата на Република Северна Македонија. За олеснување на финансиската реализација на овој проект двете страни потпишаа и Договор за групна јавна набавка.

Министерството за труд и социјална политика се обврзува од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2022 година да обезбеди средства за изведување на градежни работи и тоа 70% од вкупната вредност на проектот, додека пак Општина Битола учествува со 30%.

Министерката Тренчевска истакна дека потпишувањето на Договорот е уште една потврда за грижата кон најмладите во нашата држава, како и дека  ваквата инвестиција и е навистина потребна на Битола.

„Како министерство се залагаме за што поголема соработка со општините и унапредувањето на животот на граѓаните да доаѓа токму преку заложбите на локалните самоуправи. Детската заштита е високо на нашата агенда затоа се залагаме што поголем број на деца да бидат дел од предучилишното воспитание и образование. Затоа ги охрабрувам и другите општини да доставуваат проекти за изградба, доградба и адаптација на простори со цел зголемување на бројот на детски градинки,“  порача Тренчевска.

Како дел од вложувањата на Владата и министерството за труд и социјална политика, во детската заштита, министерката се осврна и на покачувањето на платите  на вработените во градинките за 15%, со што се потврдува грижата и за стручните кадри во градинките кои се задолжени за воспитанието на децата од предучилишно воспитание во нашата држава.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги истакна заложбите на општината за зголемување на капацитетите за предучилишно образование, кои ќе одговорат на потребите на битолчани и намалување на листите на чекање за упис на деца во градинките.

„Потпишувањето на денешните договори е токму во таа насока, да се обезбеди капацитет од нови 80 места за деца од претшколска возраст. Преку овие два договори, практично, ќе обезбедиме подобра иднина за нашите сограѓани, овозможувајќи им згрижување на нивните деца во објект наменет за детска градинка,“ рече Коњановски.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...