spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Магдалена Јованова создава уметност и остава позитивен пример за заедницата

Валандово: Магдалена Јованова создава уметност и остава позитивен пример за заедницата

Збирката песни „Доживеј го сонот“ е второ литературно остварување на Магдалена Јованова од Валандово, дело напишано со посвета и посебна љубов кон децата со попреченост.

Во стихозбирката се опејува убавината на човековата душа, безусловната љубов, големите срца и потребата од верба, како сила за справување со сите искушенија на патот по кој одиме.

Книгата е од хуманитарен карактер и средства од продажбата на истата ќе бидат наменети за потребите на Дневниот центар во Валандово.

Градоначалникот Костадинов и честиташе на авторката за успехот и и се заблагодари што остава позитивен пример зад себе. Заеднички, градиме инклузивно општество и преку сопствен пример ги втемелуваме солидарноста и емпатијата како вредности, од кои не отстапуваме.

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...