spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Прва по активна транспарентност меѓу општините

Валандово: Прва по активна транспарентност меѓу општините

Според истражувањето за активна транспарентност на веб страните, извршено од Центар за граѓански комуникации, Општина Валандово се наоѓа на првото место меѓу општините и во првите три меѓу сите институции во државата.

Истражувањето ги опфаќа сите локални самоуправи, Владата, министерствата и останатите државни институции. Земени се во предвид 4 категории на информации кои наведените институции се обврзани да ги објават на своите веб страници како и степенот на нивно ажурирање.

Изминативе четири години Општина Валандово постојано напредува на скалата за транспарентност. Од 83 место во 2018 година, до највисока транспарентност годинава.

Заедно создаваме отчетна заедница, поттикнуваме на одговорност при вршењето на јавните функции и креираме нова култура на владеење.

Транспарентноста на институциите е темелот на општество на партнерства и меѓусебна доверба.

Кликнете на овој ЛИНК за повеќе информации.

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...