spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Подобри услови, нула трошоци за родителите и решавање на недостигот на...

Аеродром: Подобри услови, нула трошоци за родителите и решавање на недостигот на места во градинките

Градоначалникот Тимчо Муцунски изврши увид во градежните активности на надворешниот дел од објектот „Лале“ кое е дел од градинката „Срничка“. Работите во моментот се одвиваат на надворешниот дел, а со оваа инвестиција е предвидено градинката да добие современ изглед, како и еколошка и енергетско-ефикасна фасада.

„Свесни сме дека нашата општина се соочува со недостиг на места по градинките, но наскоро и овој проблем ќе биде минато. Покрај градинката во Стар Аеродром која наскоро ќе започне со работа, нови градинки и доградба на постојните ќе има и на неколку други локации низ општината, а капацитетите на неколку градинки ќе бидат надградени и проширени“, истакна градоначалникот Муцунски при увидот на градежните активности.

Во насока на кратењето на дополнителните трошоци кои ги имаат граѓаните, од 1 март годинава, родителите беа ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, додека пак од 1 септември ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките.

Како една од најмладите општини во Македонија, Аеродром ја потврдува заложбата за континуирани инвестиции во воспитно-образовниот процес и најмладите. Продолжуваме да вложуваме во образованието и правиме сè за нашите најмлади.

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...