spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаБез советниците на СДСМ и ГРОМ изгласана одлуката за спречување на висококатницата...

Без советниците на СДСМ и ГРОМ изгласана одлуката за спречување на висококатницата во Карпош

На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош на која не присуствуваа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ беше изгласана предлог одлуката против висококатницата во Карпош.

Со оваа одлука се задолжува Градоначалникот и соодветниот општински сектор да го стопираат издавањето на градежни дозволи и забрана за отпочнување на градба на просторот кој го опфаќа ДУП за Градска четврт З 05 Блок 08, како и изготвување на стручен елаборат за суспензија на применувањето за блок 08 од ДУП за градска четврт 3 05 помеѓу бул.Илинден, бул. 8 Септемри, бул.Партизански одреди и ул.Љубљанска, донесен со одлука на Совет 07-7546/4 од 06.11.2013, Општина Карпош со цел спроведување ревизија за истиот.

„Ова е нов пораз на урбанистичката мафија во Општина Карпош. Истовремено жалам што зад интересите на Карпошани не застанаа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ со што практично ги прекршија своите предизборни ветувања дека ќе работат во интересите на жителите на Општината.“ изјави координаторот на советничката група на Левица, Мартин Димоски.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...