spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Секое дете има право на квалитетно образование, реконструкција на ООУ „Сабедин...

МОН: Секое дете има право на квалитетно образование, реконструкција на ООУ „Сабедин Бајрами“ во Камењане од 21,8 милиони денари

МОН континуирано инвестира во образовна инфраструктура. Обезбедувањето добри услови за одвивање на воспитно-образовниот процес влијае врз квалитетот на образованието.

Во ООУ „ Сабедин Бајрами” во село Камењане, општина Боговиње во тек е реконструкција што опфаќа изведба на санитарии, кров и нова фасада што ќе биде енергетски ефикасна, а инвестицијата е во вредност од 21,8 милиони денари.

Во рамки на градежните работи, училиштето ќе добие и пристапна рампа, со што децата со посебни потреби добиваат можност да се движат без туѓа помош.

Министерството за образование и наука континуирано го поткрева нивото на инклузивност на образовниот систем, затоа што секое дете има право на образование без дискриминација.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Потпишан е договор со ДМ БАУ Интернационал за нова инвестиција...

0
Почитувани, Денес потпишуваме договор за нова инвестиција во државава. Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните...