spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на панел дискусија „Отпад, регулација на отпад, состојби...

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска на панел дискусија „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска завчера во просториите на граѓанската организација „ЦИВИЛ“ а во организација на „Зелен ЦИВИЛ“ учествуваше на панел дискусија која се одржа на тема: „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“.

Заменик министерката Оџаклиеска на панел дискусија „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“

Во своето излагање, Оџаклиеска образложи дека со новиот закон за заем кој е во собраниска процедура, се овозможи реализацијата на заемот од Европската банка за обнова и развој, со кој ќе отпочнат процедурите за изградба на регионалните депонии во југоисточниот, југозападниот, пелагонискиот, вардарскиот и полошкиот плански регион.

Со реализацијата на овој многу значаен проект, сметам дека од особена важност е соработката со Единиците на локалната самоуправа бидејки со неговата имплементација, за првпат ќе се воспостави најсовремен систем на собирање, третман и селекција на отпадот во нашата држава, нагласи заменик министерката.

0-02-05-6de4487853125658d92efda95978e2f79cfd5ce25af2688d522fdc0203d617dc_8c03debdd46310ef

Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатиот период подготви шест законски решенија од областа на отпадот, кои беа едногласно усвоени во нашето собрание, со кои се воспоставува принципот на циркуларна економија односно искористување на отпадот како суровина.

На панел дискусијата од страна на заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, беа подетално објаснети состојбите, напредокот и предизвиците со кои се соочуваме во реализацијата на започнатите проекти од областа на управување со отпадот на национално ниво, во соработка со Единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, а се со цел за подобар и поквалитетен живот на нашите граѓани и почисти општини со современ третман на отпадот.

 

Панел дискусијата е дел од проектот на граѓанската организација „ЦИВИЛ“ – „Зелена читанка“ и има за цел развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи.

 

 

 

Извор: Министерство за  животна средина и просторно планирање 

Прочитајте