spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со Козма, директор на Канцеларијата на ИФЕС во Република Северна...

ДКСК: Средба со Козма, директор на Канцеларијата на ИФЕС во Република Северна Македонија

На 17 август 2022 година, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оствари средба со Јоана Козма, директор на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Република Северна Македонија.

Средбата се одржа на барање на Канцеларијата на ИФЕС во Република Северна Македонија, со цел разгледување на приоритетните активности и проекти на ДКСК кои евентуално би биле поддржани од страна на ИФЕС, во рамки на проектот кој во наредните 18 месеци ќе се реализира од страна на ИФЕС а е финансиски покриен од страна на УСАИД.

Од страна на директорката  Козма беше истакнато дека во рамки на проектот, од страна на ИФЕС, постои можност за обезбедување на поддршка на ДКСК во неколку области како што се следењето на политичкото финансирање, следењето на злоупотребата на државните средства, соработката со другите институции на полето на превенцијата и репресијата на корупцијата, подигањето на јавната свест, обука на вработените во ДКСК,  обезбедување на техничка опрема за потребите на ДКСК и друго.

Од страна на претседателката и членовите на ДКСК, директорката Козма беше запознаена со тековните и планираните активности на ДКСК при што беа разменети идеи за можностите за воспоставување на соработка и обезбедување на поддршка од страна на ИФЕС за реализација на истите.

На средбата беше договорено ДКСК да изготви листа со предлози за областите за остварување на соработка како и листа на активности и проекти кои би биле поддржани од страна на ИФЕС, по што заеднички ќе се утврдат активностите кои ќе бидат поддржани.

На крајот на средбата, беше истакнато обострано задоволство од досегашната соработка и подготвеност истата да продолжи и во иднина.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...