Во просториите на Општина Кавадарци се одржа редовна седница на Советот на Вардарски Плански регион, на која беше именуван нов директор на Центарот за развој на Вардарски Планскиот регион.
Присуствуваа градоначалниците на сите Општини и досегашната в.д директорка Татјана Темелковска. Едногласно за директор на Центарот за развој на Вардарско Планскиот регион со мандат од четири години, беше избран досегашниот раководител на секторот за Локален економски развој во Општина Кавадарци Сашо Мошев, на кој му посакуваме успешна и плодна работа.
Извор: Општина Кавадарци