Битола: Срушен рекордот по бројот на учесници туристи на десеттиот Пелистер Даунхил Куп

ОпштиниБитола: Срушен рекордот по бројот на учесници туристи на десеттиот Пелистер Даунхил...

Најчитано

На падините на Пелистер, на патеката од Копанки до Детското одморалиште,  се одржаа финалните трки на десеттиот по ред Пелистер Даунхил Куп, со рекорден број на учесници. Се натпреваруваа 84 домашни и странски бајкери кои викендов престојуваа на Пелистер, а попладнево се одржа и финалната трка. Бајкерите, односно велосипедистите кои возат во ридско-планински услови, се натпреваруваа во шест категории, а за прв пат имаше категорија во која се натпреваруваа припадничките на понежниот пол.

Општина Битола беше поддржувач на овој адреналински настан, а на возачите со најдобри времиња, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски им додели награди, честитајќи им ја победата. Коњановски нагласи дека Пелистер има одлични услови за современите спортови, а локалната самоуправа и натаму ќе биде нивен поддржувач.

Во категоријата елита, најдобро време имаше Андреас Теодору од Кипар, во категоријата хоби Кристијан Угриновски од Македонија, кај јуниорите најдобар беше 15 годишниот Марко Ламарис од Грција, во категоријата мастер Јовче Даскаловски од Македонија, во мини јуниори Георги Атанасов од Бугарија и кај жените со најдобро време беше гркинката Евелина Зафеири. Организатори на настанот се Екстрим бајк тим Битола.

 

 

 

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе