spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКластерот „Темелни вредности“ е најзначаен и со најголема тежина, а „Внатрешен пазар“...

Кластерот „Темелни вредности“ е најзначаен и со најголема тежина, а „Внатрешен пазар“ најобемен

„Секое поглавје и секој кластер има своја тежина и сите имаат свое значење во интеграцијата на државата во ЕУ. Секако најзначаен со најголема тежина, поставена од самата нова методологија на преговори, е кластерот на Темелни вредности, кој прв се отвора, последен се затвора и останува отворен во текот на целите преговори, рече вицепремиерот Маричиќ во интервјуто за „Алсат“, потенцирајќи дека имаме добра усогласеност во голем број на кластерите.

-Некаде стоиме и подобро од некои држави коишто 10 години преговараат, Србија и Црна Гора, меѓутоа еве имаме еден Кластер, за внатрешен пазар, којшто е обемен, 9 поглавја има во него. Се работи за усогласување со внатрешниот пазар, слобода на движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.
Овде имаме многу за работа, бидејќи треба практично нашиот систем да се интегрира во внатрешниот пазар на Европската Унија, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ изјави дека и кластерот за животна средина или зелена агенда, е важен, како и поглавјата каде што се дефинираат и инвестициите и инфраструктурата и земјоделските политики и како полесно да бидат имплементирани и како полесно да дојдат европските пари до граѓаните.

-Се разбира прашањето на животна средина е едно од клучните прашања во ЕУ како да има државата развој со зелена економија. Ова се клучните кластери и сите тие имаат своја тежина, а нам ни треба многу работа особено во делот на внатрешниот пазар и интегрирање во внатрешниот пазар на ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој во интервјуто објасни дека првата фаза од скринингот ќе биде надополнување на новите акти со коишто се донесени во ЕУ и нивно претставување пред нашата администрација, по поглавја и по кластери, и таканаречен објаснувачки скрининг, по кој ќе следува билатералниот скрининг.

-Скринингот практично претставува и еден начин да се мобилизира администрацијата. Ние веќе работиме на тоа на финиширање на преговарачката структура со сите потребни акти и назначувања. Очекувам до крајот на овој месец да ја претставам, потоа во еден интензивен период до 15 септември на сите министерства и на сите институции им објасниме точно која е нивната улога во скринингот и од 15 септември натаму, да започнеме со тој процес, рече Маричиќ во интервјуто за „Алсат“.

Mariçiq: Skriningu intensiv, nga 15 shtatori – YouTube

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...