spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Студентите имаат можност да учествуваат во екстерната евалуација на високообразовни институции...

МОН: Студентите имаат можност да учествуваат во екстерната евалуација на високообразовни институции и студиски програми

Министерството за образование и наука и Агенцијата за квалитет на високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Република Северна Македонија. За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересирани студенти за учество во оваа постапка.

Секој апликант треба да исполнува неколку услови, односно да е државјанин на Република Северна Македонија, да има статус на редовен студент на прв, втор или трет циклус на студии во земјата, да има претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во земјата или странство и да има познавање на англискиот јазик.

Пријавувањето се врши со пополнување на  Образец, кој може да се најде на веб страната на Агенцијата за квалитет на високото образование, на следниот линк: http://akvo.mk/docs/konkursi/Образец%20за%20пријавување%20-%20студенти.docx и потоа истиот, потпишан и скениран се доставува на следните електронски адреси cvete.stefanovska@tfb.uklo.edu.mk и vlado.gicev@ugd.edu.mk. Крајниот рок за пријавување е 18.9.2022 година.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...