spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Македонските вина и традиционални земјоделски производи претставени на саемот АГРА 2022...

МЗШВ: Македонските вина и традиционални земјоделски производи претставени на саемот АГРА 2022 во Република Словенија

Во Горна Радгона, Република Словенија, денес официјално започна 60-то издание на меѓународниот саем АГРА 2022, на кој присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Станува збор за еден од поголемите и позначајни меѓународни саеми, на кој се претставуваат изложувачи од голем број држави во светот а со свој штанд е претставена и Република Северна Македонија со своја презентација која се одржа на национален изложбен простор, дизајниран и опремен со карактеристични и препознатливи елементи од нашата држава. Изложбениот простор на Република Северна Македонија презентира повеќе области од земјоделството, економијата и можностите за инвестирање во развој на бизниси, особено продлабочување на соработката со Словенија, но и соработката со соседните земји и земјите од регионот.

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на македонскиот штанд се одржа и коктел за дегустација на македонските традиционални производи и квалитетното сортно македонско вино. Настанот привлече големо внимание и многу посетители на македонскиот штанд, кои го искажаа задоволството од квалитетот и вкусот на презентираната македoнска храна и вино. Министерот Николовски на македонскиот штанд беше домаќин на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и министерката за земјоделство, шумарство и храна, Ирена Шинко.

Македонските прехранбени брендови се добро препознаени и почитувани во Европа и светот. Преку претставување на автентичен начин на своето производство, земјите учесници ги уживаат придобивките од учеството на ваквите престижни саеми како што е АГРА 2022.

Оваа година, фокусот на саемот АГРА е ставен на меѓународната година на рибарството и аквакултурата, европската година на младите, иновациите и дигитализацијата, иднината на земјоделството, климатските промени и водните ресурси, органското земјоделство, храната од нашето опкружување, обезбедувањето храна, зајакнувањето на руралните подрачја, биодиверзитетот, шумите и дрвата и нашето здравје. Саемот АГРА претставува можност за промоција на голем број земји, региони и организации, деловни и професионални институции. На саемот истовремено се случуваат голем број професионални, деловни и социјални настани, кулинарски дегустации, дегустации на вино, консултации за земјоделство, совети за безбедна работа во шумите, тркалезни маси и предавања за актуелни теми, тематски натпревари и многу други едукативни настани.

АГРА 2022 ги претстави најновите технологии за производство, одгледување и преработка на глобалните брендови за земјоделски машини, машини за шумарство и опрема за прехрамбената индустрија. Саемот имаше и широка понуда на земјоделски производи со врвен квалитет, прехрамбени производи и вина. Исто така, на самеот беа промовирини и програми за пакување, модерни земјоделски конструкции, алати и опрема, техники за разладување, како и употребата на обновливите извори на енергија.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...