spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаОбезбедени се услови за потребно наводнување земјоделски површини; ќе се спроведат јавни...

Обезбедени се услови за потребно наводнување земјоделски површини; ќе се спроведат јавни повици за вршители на енергетска дејност, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 72-ра седница, на која беа разгледани повеќе точки од нејзината Програма за работа и од интерес на граѓаните, ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата на Акумулацијата Паљурци, со задолжение Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ да обезбеди доток на вода во акумулацијата Паљурци до максималните можности на системот и тоа во траење согласно потребите за нормализирање на нивото на вода во акумулацијата.

Со дотурот на дополнителни количини вода ќе се обезбедат услови за наводнување на земјоделските површини и би се избегнале дополнителни штети за земјоделците од Општина Богданци и населените места Стојаково и Ѓавато.

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање беа усвоени и информациите за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинце, Општина Гази Баба, како и за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во населено место Арачиново, Општина Арачиново и за финансирање на активности за реконструкција на системот за водоснабдување Богданци.

Овие проекти се дел од инвестициската програма на МЖСПП, во делот за финансирање проекти за водоснабдување и изградба на примарна и секундарна канализација, согласно со стратешките приоритети на МЖСПП за развивање современа и функционална водоводна инфраструктура, заштита на животната средина и подигање на степенот на социјален развој и квалитет на живот во сите општини во нашата држава.

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои содржината на јавните повици  и тендерската документација за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, на постапката за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, како и за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија.

Јавните повици во наредните денови, ќе бидат објавени на веб-страната на Владата на Република Северна Македонија.

Членовите на Владата, на предлог на Министерството за правда, на редовната седница ја усвоија Информацијата за иницирање меѓуресорско, Ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации.

Со оглед на тоа што Министерството за правда не води Регистар на историски личности постои потребата од преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата кои во името имаат историска личност и формираното тело ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел  да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи.

На денешната седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Република Северна Македонија  превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји.

Во време на воена состојба во Украина ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи.

По усвојувањето на Информацијата за исплата на пензии за месец август 2022 година од Министерството за труд и социјална политика, се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 29.08.2022 година.

Исто така се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ), и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.09.2022 година (петок).

На предлог на Комисијата за кадровски прашања, Владата на денешната седница донесе неколку кадровски решенија.

Ја прифати оставката на Арафат Муареми и го разреши од должноста в.д директор на Управата за Финансиска полиција, орган во состав на Министерството за финансии.

Горан Иванов, го именува за в.д. директор на Управата за Финансиска полиција.

Во рамки на точката за кадровски прашања, на предлог на Комисијата, Владата го разреши Фехми Стафа од функцијата Државен правобранител на Република Северна Македонија и донесе Одлука за распишување оглас за именување на нов Државен правобранител на Република Северна Македонија.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...