Паралелно со процесот на скрининг ќе го водиме процесот на уставни измени

ВладаПаралелно со процесот на скрининг ќе го водиме процесот на уставни измени

Најчитано

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервјуто за „Алсат“ рече дека веќе влегуваме во фаза во која ќе треба паралелно да го водиме скринингот и да се работи интензивно на уставните измени, во наредниот период.

Мислам дека до завршувањето на скринингот има добри шанси да ги комплетираме уставните измени со едноставно прашање до секој пратеник, бидејќи ова е дилема којашто ќе се исправи пред секој пратеник: Дали сте за членство на Северна Македонија во ЕУ или не? Ова е суштинското прашање на кое треба да се одговори, вели Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека според Владата содржината на тие уставни измени не е проблематична, бидејќи се работи за нешто што веќе го имаме во Уставот за повеќе заедници и додавањето на уште неколку заедници, меѓу кои и бугарската, не го гледаат како суштински проблем, напротив за Маричиќ само може да го збогати нашиот Устав и нашето општествено милје.

– Ние веќе од 1991, од независноста, сме се определиле и за ЕУ и за НАТО, веќе сме членка на НАТО и исцртан ни е патот кон ЕУ. Ги почнавме преговорите, дали успешно ќе ги продолжиме и завршиме зависи само од нас. Затоа е битно ова секој пратеник да го има предвид кога ќе ја носи одлуката.

Маричиќ во интервјуто го објасни и процесот на скрининг и изјави дека скринингот според веќе презентираниот календар започнува на 15-ти септември, а до крајот на овој месец дека ќе ја претстави преговарачката структура.

– Ќе биде многу интензивно, секое поглавје ќе трае неколку дена, зависно од тоа колку е обемно. Важно ќе биде сите со внимание да ги следиме презентациите и да учествуваме активно во нив затоа што тоа ќе биде основа за претставување или поставување на критериумите за отворање и затворање на поглавјата понатаму, кажа Маричиќ во интервјуто.

Маричиќ дополни дека овој процес ја мобилизира македонската администрација и е многу важен за истата, бидејќи треба да ни ја даде сликата до каде сме со усогласување со европското законодавство, што уште треба да направиме, но и како во пракса да се спроведат полесно и побрзо тие правила.

На прашањето дали отворањето и затворањето на кластерите ќе биде едноставно и кои кластери се очекува да бидат најтешки, вицепремиерот Маричиќ одговори дека најзначаен со најголема тежина, поставена од самата нова методологија на преговори, е кластерот на „Темелни вредности“, кој прв се отвора, последен се затвора и останува отворен во текот на целите преговори, но дека има и други кластери коишто не се помалку тешки и помалку важни, посочувајќи го Кластерот „Внатрешен пазар“ како најобемен.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше и дека покрај на подготовките за скринингот, паралелно и непречено се работи на превод на европското законодавство и дека и оваа година очекува да се држи темпото од минатата година, кога беа преведени преку 17 илјади страници.

Mariçiq: Skriningu intensiv, nga 15 shtatori – YouTube

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе