Прилеп: Прилепски Џез Фестивал 2022

ОпштиниПрилеп: Прилепски Џез Фестивал 2022

Најчитано

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела 25-27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 11то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.

 

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.

Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма:

Четврток 25 август 2022г

  • 3JECT (Македонија)
  • МЕТАФОРМОЗА (Бугарија)

Петок  26 август 2022г

  • Гордан Спасовски ТРИО (Македонија)
  • SVETLOST+ODRON RITUAL ORCHESTRA (Македонија)

Сабота  27 август 2022г

  • Grgur Savic&Vortex four (Хрватска)
  • DRAMA QUARTET (Србија)

Овие настапувачи се распоредени во 3 фестивалски денови, а во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во старата прилепска чаршија.

24 август 2022г

Љубојна – концерт во старата Прилепска чаршија

28 август 2022г

Next to Silence – концерт во Cafe&bar ONYX

Недела 28 август 2022

„Кој тоа чука на Брбјанска Чука ?“  – музички перформанс на перкусионистот

Гоце Наумов кој ќе се одржи на археолошкот локалитет Врбјанска Чука

Прилеп џез викенд е веќе десет години домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Прилеп.

 

 

 

Извор: Општина Прилеп 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе