Центар: Објектите и азбестот во „Треска“ ги чистат сопствениците, опасниот отпад ќе заврши на Дрисла

ОпштиниЦентар: Објектите и азбестот во „Треска“ ги чистат сопствениците, опасниот отпад ќе...

Најчитано

 

Започнува расчистувањето на просторот на поранешната фабрика „Треска“. Денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски беше на увид на локацијата во придружба на членови од општинските служби и инспектори од министерството за животна средина и просторно планирање. Герасимовски притоа истакна дека до општината пристигнале 36 барања за издавање решенија за отстранување од кои одобрени се 13, а отстранувањето на објектите ќе се одвива во неколку фази и тоа ќе го вршат самите сопственици.

„Веднаш штом Обвинителството ни дозволи активности на терен, започнавме процес и законски процедури за расчистување на објектите на напуштената фабрика. Отстранувањето на објектите и чистењето на целиот простор ќе го вршат самите сопственици, кои претходно до општината доставија барања за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети“, изјави Герасимовски.

Герасимовски изјави и дека моменталната состојба на просторот на фабриката особено по опожарувањето пред 5 месеци освен што преставува извор на зараза за жителите кои живеат во околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општина и градот. Тој се осврна и на азбестот и неговото негативно влијание по здравјето на граѓаните.

„На територијата на „Треска“ има околу 40 000 метри квадаратни азбестен кров, кој исто така беше зафатен во пожарот. Уште тогаш кажав дека час поскоро, напуштениот индустриски капацитет треба да се расчисти. Отстранувањето на објектите и чистењето на целиот простор ќе го вршат самите сопственици, кои претходно до општината доставија барања за отстранување на објектите и начинот како истите ќе бидат отстранети. За чистењето на просторот, сопствениците на објектите имаат ангажирано и приватна компанија за надзор која ќе дава логистика за безбедно отстранување на азбестот, шутот и ѓубрето настанато пред и после пожарот и за сето тоа време тие ќе бидат под надзор на инспекциските служби за животна средина од Општина Центар“, рече Герасимовски.

Чистењето на просторот кај „Треска“ ќе се одвива плански и во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестните покриви, потоа ќе се срушат дотраените објекти, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крај, на целиот простор ќе се изврши дезинсекција, дезинфекција и дератизација, од причина што во комплексот врие од глувци, змии и други штетници, кои се исто така извор на зараза.

Герасимовски појасни дека отпадот ќе биде депониран во Дрисла, каде ќе биде соодветно уништен. Тој очекува депонијата во срцето на Центар која е сериозна закана по здравјето и животот на граѓаните да биде расчистена за неколку недели.

На крај Герасимовски побара поддршка од институциите за поскоро донесување на регулациски план кој неколку години е во процедура во град Скопје за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката.

„Градот Скопје веќе извесен период води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З (запад) 11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување и заедно, да решиме еден голем проблем за простор кој долги години е руиниран и запуштен“, заврши Герасимовски.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе