spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаБизнис секторот ја има клучната улога во усогласувањето на економските ЕУ регулативи...

Бизнис секторот ја има клучната улога во усогласувањето на економските ЕУ регулативи и стандарди

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ  учествуваше на редовната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која претседаваше заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на која го објасни скрининг процесот на претставниците на Стопанските Комори и нивната улога во процесот на пристапните преговори со Унијата.

– Учеството на Стопанските комори во пристапните преговори, ќе биде клучно, бидејќи со специфичното знаење и искуство што го има бизнис секторот, може многу да придонесе за подобрување на политиките и побрзо усогласување со ЕУ регулативите и ЕУ стандардите, кои ќе бараат и човечки и финансиски капитал, но и нова технологија, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ исто така на состанокот посочи дека пред нас е динамичен процес во кој ќе бидат поставени барања и структурни промени, кои нè очекуваат во процесот на пристапување, како и по влезот во Европската Унија.

-Една од најважните цели на економската политика во наредниот период мора да ни биде зајакнување на конкурентноста на економијата со цел да се подобри нејзината способност да ги издржи притисоците на конкуренцијата во Европската унија, рече вицепремиерот Маричиќ, потенцирајќи дека учеството на Стопанските комори во пристапните преговори, ќе биде клучно, бидејќи со специфичното знаење и искуство што го има бизнис секторот, може многу да придонесе за подобрување на политиките и побрзо усогласување со ЕУ регулативите и ЕУ стандардите, кои ќе бараат и човечки и финансиски капитал, но и нова технологија.

Маричиќ изрази верување дека заеднички ќе успееме да ги надминеме предизвиците кои нè очекуваат во претстојниот интензивен период и дека успешно ќе се завршиме преговарачкиот процес, кој ќе значи членство во Унијата и отворање на нов пазар, укинување на царинските бариери и пристап до сите фондови на ЕУ, потенцирајќи дека и државата и граѓаните го заслужуваат тоа.

Вицепремиерот ги продолжува консултациите и во наредниот период ќе се работи на идентификување на луѓе, експерти кои ќе можат да се вклучат и со својата стручност и знаење да придонесат во преговорите. Дел од овој процес ќе бидат не само луѓето кои веќе се дел од администрацијата, туку и експерти од надвор, со цел навремено информирање и креирање политики дома согласно политиките на ЕУ, за полесно трансферирање во нашиот систем.

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...