spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: ОЃП со финансиска поддршка за турнирот „Ѓорче Куп 2022“

Ѓорче Петров: ОЃП со финансиска поддршка за турнирот „Ѓорче Куп 2022“

Општина Ѓорче Петров финансиски ќе ја поддржи организацијата на вториот меѓународен турнир во ракомет „Ѓорче Куп 2022“. Турнирот е во организација на нашиот шампион „Ѓорче Петров – ЖРК“ и стартува денес во спортската сала” Христо Батанџиев”.

На седница на Советот, донесена е одлука за 100.000 денари финансиска помош за овој спортски собир кој полека станува пандан на струшкиот машки меѓународен турнир во ракомет кој е со богата традиција.

Како поддршка за ракометот, советниците изгласаа и бесплатно користење на термини за тренинг на „Ѓорче Петров – ЖРК“ во салата „Христо Батанџиев“.

Ова е уште една потврда дека општината и натаму ќе ги поддржува активностите на нашите спортисти. Ѓорче Петров е расадник на спортски клубови и имиња со богата историја. Остануваме верен партнер во создавањето шампиони во сите спортски категории.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Бутел: По 30 години се реконструира дворот во ООУ “ЛИМАН КАБА”...

0
Дворот на основното училиште во Љуботен конечно ќе биде соодветно место за учениците. Општина Бутел ја реконструира училишната ограда, ги промени училишните врати а наскоро...