МИОА: Работен состанок во областа на сајбер безбедноста

МинистерстваМИОА: Работен состанок во областа на сајбер безбедноста

Најчитано

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити заедно со вицепремиерката Славица Грковкса, како и претставници на УСАИД и Академијата за е-Влада, одржаа работен состанок за тековните активности во областа на сајбер безбедноста.

На оваа средба се разговараше за активностите во насока на подобрување на информациската инфраструктура, беше презентирана анализата на актуелните модели за безбедно владеење, а беше нагласена потребата од проширување на опсегот со цел да се опфатат повеќе сектори.

Исто така, се разговараше и за важноста и напорите во изготвувањето на стратегијата и законот за сајбер безбедност, а странките се договорија дека ваквите средби ќе бидат традиција и во иднина.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе