spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: 30-годишнината од дипломатски односи со Република Турција 26 август 2022 година

МНР: 30-годишнината од дипломатски односи со Република Турција 26 август 2022 година

Ја прославуваме 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Турција.

Длабоко вкоренетите историски, културни и човечки врски на нашите народи ги прават нашите односи исклучителни. Нашите односи, базирани на цврсти основи, продолжуваат да се развиваат во сите области.

Ќе ја зајакнеме нашата соработка со разбирање кое води сметка за стабилноста, просперитетот и напредокот на Балканот, чиј дел сме и ние. Во наредниот период ќе продолжиме да придонесуваме за развој на регионалната соработка во областите како што се трговија, инвестиции, енергетика, транспорт, култура и образование.

Како сојузници во НАТО, ќе ги зајакнеме нашите заеднички напори за соочување со предизвиците на регионалната и меѓународната безбедност. Ќе дејствуваме во солидарност против сите форми на тероризам.

 

Македонската турска заедница, која е еден од народите основачи на Северна Македонија, и луѓето во Турција кои имаат корени од Северна Македонија, создаваат уникатен мост на пријателство и соработка. Ќе продолжиме да ги користиме предностите обезбедени преку нашите заеднички проекти во различни области и високо го цениме придонесот на граѓаните на Северна Македонија и Турција кои живеат во Турција, односно Северна Македонија, во развојот на билатералните односи.

Гледаме заедничка иднина на нашите земји и на Регионот во Европската Унија. Во овој контекст, го поздравуваме одржувањето на првата Меѓувладина конференција за отпочнување на пристапни преговори со Република Северна Македонија.

Одлучни сме да ги зајакнеме сегашните одлични односи помеѓу Северна Македонија и Турција и да им донесеме нова димензија, да ги унапредуваме за доброто на нашите два народи и нашите партнери.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...