spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингНа мисија да обезбеди удобност и квалитетен сон за сите 20 години...

На мисија да обезбеди удобност и квалитетен сон за сите 20 години Dormeo®

 

Dormeo® е добро познат и наградуван бренд, кој ги произведува најдобрите производи за спиење и оваа година полни 20 години. Токму овој јубилеј ќе го искористи, за да им се заблагодари на сите оние, кои во изминативе 20 години беа дел од нивната приказната и помогнаа истата да се раскаже, преку лични искуства како и преку директно пишување на истата. Како дел од прославата, покрај роденденскиот попуст од 20% на сите нивни душеци, но и на останатите производи од нивното големо портфолио, како и акции и изненадувања за потрошувачите, постојано ќе се истакнува и важноста на квалитетниот сон. Со цел да не пропуштите нешто од јубилејните акции и изненадувања, постојано посетувајте ја нивната страница www.dormeo.com.mk, како и нивните профили на социјалните медиуми.

 

Од еден душек до глобален бренд за спиење

 

Приказната на Dormeo® започнува со само еден производ, Dormeo Orthopedic душек. Дизајниран во 2002 година во Италија, првиот Dormeo® душек е изработен со Ecocell® пена, материјал, што е познат по својата еластичност и неверојатната поддршка што ја нуди за ‘рбетот за време на спиењето.

Одличните карактеристики на овој материјал, како и позитивните мислења на купувачите, влијае охрабрувачки во Dormeo® да продолжат со добрата работа и фокусот кон нови материјали, нови технологии и нивно успешно комбинирање, со цел да им помогнат на луѓето да имаат квалитетен сон, секој ден.

Веќе во 2011 година, инспирирани трендовите во индустријата, Dormeo® ги лансира Octaspring® пружините од пена, кои овозможуваат динамично прилагодување на обликот на телото на корисникот и обезбедуваат постојан проток на воздух низ душекот. Оваа технологија е вградена во нивните познати Air душеци (Air+Comfort, Air+Select и сл.) Секоја Octaspring® пружина има 8 страничен дизајн на саќе и при движење во било која насока, овозможува поддршка, удобност и проветреност.

Оттогаш нивното портфолио со производи за квалитетен сон, значајно е проширено и сега вклучува нешто повеќе од 600 производи кои им помагаат на луѓето да имаат квалитетен сон, добро здравје и да се будат секогаш наспани и среќни.

На мисија да обезбеди подобар сон

“Пред дваесет години, знаевме дека се впуштаме на прекрасно патување во кое ќе придонесеме за добросостјбата и здравјето на нашите купувачи. Страста, експертизата и искуството, кои ги вложивме сите овие години ги надминаа дури и нашите планови и очекувања. Денес сè повеќе луѓе ги користат нашите производи и задоволни спијат на Dormeo®. Спиењето и удобноста во домот се важен дел од нашиот живот и многу сме среќни што успеавме да ја реализираме нашата мисија“, – вели Dormeo експертот – Мелиса Бегович.
Од кога го лансираше својот прв душек, мисијата на брендот Dormeo® е да ги трансформира животите на луѓето на подобро со тоа што ќе обезбеди подобар и поквалитетен сон. Денес, над 14 милиони луѓе низ светот спијат на душеци, над-душеци и перници од Dormeo®. И не само тоа, туку над 14 милиони луѓе, секој ден се будат наспани и полни со енергија, да ја раскажат успешната приказна на Dormeo®.

 

Не застануваaт тука

По 20 години напорна работа и постојано унапредување на нивното работење, може да се каже дека нивната мисија – Квалитетен сон за секого – е успешна. Но, тие нема да застанат тука. Како бренд, кој е веќе признат и познат во светот, со нивната мисија и одговорност кон потрошувачите и нивните потреби, тој константно се менува и унапредува. Тоа и ги држи будни и фокусирани кон остварување на новите цели, кои храбро ги поставуваат сè повисоко и повисоко.

И бидејќи слават 20 години постоење, јубилеј што не може да се занемари, за сите нивни сегашни и идни потрошувачи ги најавуваат – Dormeo® Роденденските шопинг денови, во чии рамки подготвуваат многу изненадувања, акции, попусти на нивните добро познати душеци како и на сите останати производи за квалитетен сон.

А како посебна цреша на шлагот, ја најавуваат официјалната прослава на роденденот со Голем шопинг настан, кој ќе се одржи пред платото на Skopje City Mall, на 3ти и 4ти септември, од 10 до 20 часот.

Посетете ги, бидејќи таму ве очекуваат многу изненадувања, забава, музика, подароци и многу повеќе. Веруваме дека ќе биде прослава како што му доликува на овој јубилеј – 20 години со најдобрите производи за квалитетен сон. Бидете таму.

 

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...