spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Сите екипи се мобилизирани на терен, се интервенира на сите...

Град Скопје: Сите екипи се мобилизирани на терен, се интервенира на сите локации, штетите се санираат

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, раководеше со итниот теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, по силното невреме кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и наноси на лисја и отпад и предизвика поплави на повеќе места низ градот. Во моментов, екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме.

– Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен и ќе останат се до целосно санирање на проблемите на критичните места и до нормализација на состојбата – истакна Арсовска.

Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми, но ќе се бара и одговорност за несоодветната инфраструктура која допринесе за штети на градските булевари.

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте