Вработени во општина Кавадарци добија Колективен договор

СиндикатиВработени во општина Кавадарци добија Колективен договор

Најчитано

На ден 25.08.2022 година, во просториите на Општина Кавадарци, беше потпишан Колективениот договор за вработените во Општина Кавадарци, со кој се унапредија правата од работен однос за вработените во локалната самоуправа.

Овој колективен договор беше потпишан од страна на Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Кавадарци Зоран Ифтимов од едната старна и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев од другата страна.

 

Со овој колективен договор, вработените во Општина Кавадарци ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималанта плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено остсуство итн.

“Овој колективен договор од денес па натаму ќе преставува урнек за колективно преговарање за сите општини низ нашата држава кои ќе го отпочнат процесот на колективно договарање. Во него благодарејќи на градоначалникот Јанчев, а воедно и на преговарачкиот тим на синдикалната организација, се предвидоа права со кои вработение во Општина Кавадарци треба уште по мотивирано да ги извршуваат своите работни задачи истакна Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

 

 

 

Извор: Општина Кавадарци 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе