spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Известување – ЈКП Водовод Илинден

Илинден: Известување – ЈКП Водовод Илинден

Јавното Комунално Претпријатие “Водовод” н.Илинден ги известува граѓаните на Општините Илинден, Гази Баба и Петровец дека Претпријатието во моментов се соочува со проблем во навремено плаќање на обврските за електрична енергија потрошена за навремено и квалитетно снабдување со вода за пиење и одведување и пречистување на отпадните води за потребите на граѓаните.

Ве известуваме дека ваквата состојба се должи на енормното зголемување на цената на електричната енергија која ЈКП Водовод н.Илинден ја набавува на слободен пазар. Имено, фактурата за електрична енергија за месец јули 2022 година изнесува 5 500 000, 00 денари што е за 500% повисока во однос на фактурата за електрична енергија за истиот период за минатата година, односно за месец јули 2021 година која изнесува 991 802, 00 денари.

Состојбата со пазарот за електрична енергија е загрижувачка, прогнозите се дека растот на цената за електрична енергија ќе продолжи и во наредниот период. Во една таква состојба очекувано е дека фактурите за потрошена електрична енергија на месечно ниво ќе достигнат вредност од околу 8 000 000, 00 денари, сето тоа ќе влијае на загрозување на нормалното функционирање на Јавното Комунално Претпријатие Водовод Илинден и редовното снабдување со вода за пиење, одведување и пречистување на отпадни води за граѓаните на Општините Илинден, Гази Баба и Петровец. На месечно ниво Јавното Комунално Претпријатие “Водовод” н.Илинден остварува приходи во износ од околу 4 500 000, 00 милиони денари . Ваквиот приход е понизок од месечната фактура за електрична енергија и со истиот приход неможе да се платат фактурите за потрошена електрична енергија како и останатите обврски спрема други добавувачи.

Изминативе месеци, Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ во кое членуваат сите комунални претпријатија вклучувајќи го и ЈКП Водовод н.Илинден ја информираше Владата на Република Македонија за проблемите со кои се соочуваат комуналните претпријатија во државата поради растот на цената на електричната енергија, со барање Владата да учествува во субвенционирање на цената на електрична енергија која е резултат на нарушување на пазарот на електрична енергија но од страна на Владата на РМ не е даден никаков одговор ниту подршка за надминување на ваквата состојба.

Ги известуваме граѓаните дека ЈКП “Водовод” н.Илинден ќе ги употреби сите можности и ресурси насочени кон давање на квалитетна и непрекината услуга поврзана со снабдување со вода за пиење и одведување и пречистување на отпадни води. Апелираме расположливите водни ресурси да ги користите рационално и умерено. Водата да ја користите исклучиво за задоволување на потребите за вода за пиење како и санитарна вода, истатата да не биде употребувана за наводнување на зелени површини, градини и полнење на базени.

Со не рационално користење на водните ресурси од една страна а зголемените трошоци од друга страна се доведува во прашање количината на раположива вода за сите граѓани и редовното снабдување со вода за пиење, одведување и пречистување на отпадни води.

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...