spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Пред почетокот на учебната година се подобрува сообраќајната сигнализација

Илинден: Пред почетокот на учебната година се подобрува сообраќајната сигнализација

Пред почетокот на новата учебна година деновиве на повеќе локации, особено пред училиштата во општина Илинден се врши поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел подобрување на безбедноста на учениците и учесниците во сообраќајот. Во тие рамки се реализира проектот за подобрување на сообраќајната сигнализација на постојните улици во општина Илинден.

Досега хоризонталната сигнализација обновена е пред ООУ ,,Ристо Крле” во Кадино, ООУ ,,Гоце Делчев” во Илинден, пред новото училиште во Илинден, на раскрсницата која ги спојува улиците ,,2”, ,,8” и ,,9”, кај црквата во Марино. Во текот на утрешниот ден ќе биде обележана хоризонталната сигнализација кај ООУ ,,Браќа Миладиновци” во Миладиновци, а на улиците ,,7” и ,,2” односно кај новото училиште во Илинден, ќе биде поставена и вертикална сигнализација.

Реализацијата на проектите од областа на патната инфраструктура во насока на поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, посебно на пешаците и на велосипедистите, како и подобрувањето на секојдневната комуникација на жителите, се приоритет во работењето на општина Илинден. Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со обнова на постојната и поставување на посовремена сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...