spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Се дочистува од невремето, штетите се пријавуваат во општината

Кисела Вода: Се дочистува од невремето, штетите се пријавуваат во општината

Општинските служби и денес се на терен. По синоќешната интервенција на кризниот штаб предводен од градоначалникот Ѓорѓиевски, која траеше до доцна во ноќта, и во која беа преземени интервентни мерки и надминати поголемите проблеми, денес се работи на отстранување на паднати гранки и зеленило, со цел состојбата сосема да се врати во нормала.

 

 

Во Општина Кисела Вода е креиран тим за комуникација со граѓаните кои претрпеа штета, во главно од силниот ветар кој однесе настрешници, гранки и откорна делови од покриви.

Ги упатуваме дека штетите можат да се пријават во Општина Кисела Вода, барака 12, соба 4, кај лицето Далибор Стојановски или на телефон 070/259-873. Воедно, ги известуваме граѓаните дека будно ја следиме метеоролошката состојба, на располагање се ставени сите расположиви ресурси на Општината, а во интензивна комуникација сме и со јавните претпријатија и службите на Градот со цел да се превенираат последици при евентуално повторно невреме.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...