spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Со воведување на нови технологии и примена на мислењето на научната...

МЖСПП: Со воведување на нови технологии и примена на мислењето на научната фела, транзитираме кон зелена економија

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска завчера оствари работна средба со в.д. деканката на Технолошко-металуршкиот факултет, проф. д-р Билјана Анѓушева. На средбата се разговараше за примена на најдобри достапни техники во нашето општество, како и за потребата од брзо напуштање на принципите на старата загадувачка технологија, чии емисии на штетни гасови претставуваат сериозен проблем и најголем загадувач на работната и животната средина кај нас и во светот.

 

Заменик министерката Оџаклиеска притоа ја нагласи потребата од креирање и примена на зелени политики, употреба и воведување на нови технологии и максимална соработка со научната фела, со цел да биде остварена „Зелената агенда“, како нов пристап за одржлив економски развој и обновување на природните еко-системи.

Zamenik sostanok_2

На средбата, соговорниците изразија заедничка определба за продлабочување на соработката на Министерството за животна средина и просторно плaнирање и Технолошко-металуршкиот факултет, истовремено истакнувајќи ја важноста на институционалната поддршка за одржливите практики во Република Северна Македонија во функција на поттикнување на одржлив развој и градење на одржлива, зелена и циркуларна економија.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте