spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПроцент треба да се однесува на борба против корупција, а не на...

Процент треба да се однесува на борба против корупција, а не на провизија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби учествуваше на одбележувањето на годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност.

“Денес сум горд што припаѓам на генерацијата пратеници во нашето Собрание која што донесе многу значајни одлуки, вклучително и Последниот чекор во реформата на безбедносниот сектор со отпочнувањето со работа на Агенцијата со која Управата за безбедност и контраразузнавање, која во изминатиот период беше злоупотребена за поединечни лични и групни интереси, веќе замина во историјата. Реформскиот процес на безбедносно-разузнавачкиот систем не е само усвојување на закони или избор на раководни лица, туку е потребен целосно променет ментален склоп на размислување и делување.”, истакна меѓу другото Груби. “, рече Груби пред присутните.

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот говор на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби:

Почитувани колеги министри,
Почитуван директор,
Почитувани присутни,

Ви благодарам за поканата заедно да ja одбележиме годишнината на Агенцијата за национална безбедност во име на нашата Влада.

Денес сум горд што припаѓам на генерацијата пратеници во нашето Собрание која што донесе многу значајни одлуки, вклучително и Последниот чекор во реформата на безбедносниот сектор со отпочнувањето со работа на Агенцијата со која Управата за безбедност и контраразузнавање, која во изминатиот период беше злоупотребена за поединечни лични и групни интереси, веќе замина во историјата.

Почитувани,

Со владините реформи во системот на безбедносните служби се обидуваме да ја зголемиме довербата на граѓаните во кредибилитетот на институциите во овие предизвикувачки времиња на алтернативни вистини и реалности.

Реформскиот процес на безбедносно-разузнавачкиот систем не е само усвојување на закони или избор на раководни лица, туку е потребен целосно променет ментален склоп на размислување и делување.

Сега веќе неколку години конечно имаме институција која работи во согласност со Уставот, законските и подзаконски акти, како што впрочем и доликува на безбедносна служба на земја членка на НАТО, и слободно можеме да кажеме како служба со развиен концепт за постојано унапредување на капацитетите на безбедносниот систем, која може да се справува со современите закани и ризици по националната и меѓународната безбедност.

Затоа, и во оваа насока, Агенцијата ќе има постојано силна поддршка од Владата, но и од останатите државни институции.

Почитувани присутни,
Пред нас е уште еден голем предизвик, а тоа е заедничка борба против корупцијата и организираниот криминал.

Корупцијата е безбедносен ризик. Не зборувам само за корупција во политиката и инститицуиите, туку и кај медиумите, судството, невладиниот сектор.
Токму затоа ни треба општествен ветинг а не лов на вештерки и партиска пропаганда.

Зборот процент не смее да се однесува на провизија туку на реализација на борбата против корупцијата.

Настани како денешниот не се само за честитање, туку и за испраќање на пораки.

Ние сме земја членка на НАТО, и земја што преговара за членство во Европската Унија. Место за импровизација нема. Место за толеранција нема.
Затоа е потребна општествена кампања на сите чинители против корупцијата и организираниот криминал.

За крај, дозволете ми на сите  вработени во Агенцијата за национална безбедност да Ви посакам многу успех и храбро да продолжите да работите на изградба на современа, модерна безбедносна служба која целосно ќе биде во функција на заштита на безбедносните интереси на земјата и граѓаните.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте