МФ: Системскиот Закон за платежни услуги и платни системи стапува во сила на почетокот на следната година ‒ поголема конкуренција и повисока заштита на корисниците на платежни услуги

МинистерстваМФ: Системскиот Закон за платежни услуги и платни системи стапува во сила...

Најчитано

Законот за платежни услуги и платни системи, чии одредби стапуваат на сила од 1 јануари 2023 година, беше една од темите на редовната координација помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими и нивните тимови. Новиот закон содржи одредби со кои ќе се поттикне влез на нови даватели на платежни услуги, што пак ќе придонесе за поширока понуда на поевтини платежни услуги за граѓаните и компаниите. Исто така, со Законот се уредуваат и повеќе решенија за подобра заштита на потрошувачите, преку поставување насоки и ограничувања за надоместоците за платежните услуги, како и поголема транспарентност.

На средбата беше посочено дека, во следниот период, институциите ќе се заземат за информирање на граѓаните и на фирмите за новините коишто ги предвидува овој системски закон. Меѓу нив е и воведувањето платежна сметка со основни функции, преку која  граѓаните ќе можат да извршуваат платежни трансакции за намирување на своите вообичаени обврски или трансфер на парични средства на друго лице. За извршувањето на овие трансакции, граѓаните ќе плаќаат разумна висина на надоместоци, не повисоки од 0,1% од просечната исплатена нето-плата во земјата во претходните дванаесет месеци (или околу 30 денари), во кои ќе биде вклучено месечното одржување на сметката и најмалку пет платежни трансакции месечно кон примач кај истата банка. Платежната сметка со основни функции ќе биде без надоместок за корисниците од ранливите категории.

 

Со Законот за платежни услуги и платни системи се предвидуваат и повеќе други механизми за заштита на потрошувачите поврзани со надоместоците, како склучување унифицирани рамковни договори и предвидени видови надоместоци, ограничување на заменските надоместоци за плаќање со картички, поголема транспарентност и споредливост на надоместоците за услуги поврзани со платежната сметка. Исто така, во областа на платежните услуги би се вклучиле нови даватели на платежни услуги, што би придонесло за намалување на цените за услугите.

На средбата беше опфатена и тековната економска состојба и економските движења во меѓународното окружување и кај нас. Беше истакнато дека задржувањето на макроекономска стабилност е приоритет за двете институции и дека се продолжува со координацијата и будното следење на состојбите и со носењето соодветни политики.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе