spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија отпочнува со ажурирање на објаснувачкиот скрининг

Северна Македонија отпочнува со ажурирање на објаснувачкиот скрининг

По одржаната Меѓувладина конференција, ни следи процес кој ќе се состои од две под-фази и тоа:

  • Ажурирање на објаснувачки скрининг на кој Европската комисија ќе го претстави новиот корпус на ЕУ acquis (законодавство) кое во периодот по 2018/19 е донесено во ЕУ и ќе даде подетални насоки за тоа како ќе се следат реформите во областите кои за првпат формално е вклучени во преговорите, функционирање на демократските институции, реформата на јавната администрација и економските критериуми, и

отприлика 6 недели потоа

  • билатерален скрининг, на кој земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ, институционалната поставеност за спроведување на усогласените закони, и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди. Во оваа фаза ќе треба да ги идентификуваме и евентуалните области/прашања за кои би барале транзициони периоди,

Календарот на состаноци го дефинира Европската комисија, и врз основа на она што ни беше презентирано во вторникот, на состанокот за отворање на скринингот, како начелен календар на ЕК (кој може да претрпи одредени измени), може да се види дека ќе не очекува динамичен период, со оглед на тоа што процесот на презентирање на новото законодавство започнува од септември оваа година, а паралелно во период од околу 15 месеци ќе се одвива и билатералниот скрининг (односно Европската Комисија планира овој процес да заврши до ноември 2023 година).

*да се напомене дека дефинитивен календар на активности ќе добиеме по годишните одмори кога ќе се направи консултација со сите Генерални директорати и кога ќе се вкрстат календарите на неработни денови на МК/АЛБ/ЕК за да нема преклопување

Секако, во целиот овој период ќе има интензивна комуникација меѓу нашата администрација и службите на Европската Комисија кога ќе се разменуваат дополнителни информации, извештаи, статуси на реализација итн., кои ќе имаат за цел да се овозможи Комисијата да има што е можно попрецизна и појасна слика за истото да биде соодветно рефлектирано во Извештајот од билатералниот скрининг.

Согласно најавата – првиот скрининг Извештај за Кластерот Фундаментални вредности го очекуваме во првиот квартал од 2023.

Како што веќе споменав, по новата методологија, скринингот започнува со Кластерот Фундаментални вредности, кој прв се отвора, а последен се затвора и всушност ќе ни ја диктира динамиката на целиот преговарачки процес.

Овој кластер опфаќа пет поглавја и тоа поглавјата поврзани со владеењето на правото – 3.23 Правосудство и фундаментални права и 3.24 Правда, слобода и безбедност, како и 3.05 Јавни набавки, 3.18 Статистика и 3.32 Финансиска контрола. Во кластерот се и новите области кои се дел од преговарачкиот процес – функционирање на демократските институции, реформата на јавната администрација и економские критериуми. Меѓу клучните институции кои ќе треба да ги спроведуваат реформите се: Министерството за правда, Министерството за внaтрешни работи, Министерствoто за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација итн. но секако и Собранието.

За овој кластер ќе треба да подготвиме три патокази кои ќе треба да ја рефлектираат политичката заложба за спроведување на клучните стратешки реформи преку дефинирање на краткорочни среднорочни цели, и тоа:

  • Патоказ за владеење на правото (кој ќе биде и одредница за отворање на Кластерот) кој ќе ги опфаќа реформите во Поглавјата 3.23 Правосудство и фундаментални права и Поглавјето 3.24 Правда, слобода и безбедност,
  • Патоказ за функционирање на демократските институции (нема да биде одредница за отворање на Кластерот) кој ќе треба да содржи мерки за зајакнување на демократското управување на сите нивоа и тоа во однос на работата на Собранието, изборниот процес и зголемување на граѓанското учество во демократските процеси,
  • Патоказ за реформа на јавната администрација (кој ќе биде и одредница за отворање на Кластерот) кој треба да се фокусира на градење на професионална администрација во служба на граѓаните и на јакнење на административните капацитети за спроведување на законите и политиките кои се усогласени со европските стандарди.

Најавено ни беше дека наскоро од Европската комисија ќе добиеме насоки (guidance) за тоа како треба овие документи да се подготват – водејќи се од потребата да бидат едноставни, стратешки и конкретни.

Економските критериуми ќе се следат преку Програмата за економски реформи. Врз основа на исходот од билатералниот скрининг, можено е да се дефинираат и одредници за некои од другите поглавја во Кластерот Фундаментални вредности (Поглавје 3.05 Јавни набавки, 3.18 Статистика и 3.32 Финансиска контрола).

Дополнително, во рамки на Патоказот за владеење на правото – ќе треба да се подготви и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со мерки за недискирминација, борба против говор на омраза и образование.

Во продолжение го претставуваме календарот за одржување на состаноците за скрининг.

– Календар по поглавја (пдф)

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...