spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВицепремиерот Маричиќ продолжува со поддршка на социјално ранливите групи

Вицепремиерот Маричиќ продолжува со поддршка на социјално ранливите групи

Заменик претседателот на Владата продолжува со поддршка на социјално ранливите и маргинализирани групи, кои сакаат да направат позитивна промена преку работен ангажман.

На иницијатива на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во Секретаријатот за европски прашања на гости со списанието „Лице в лице“ дојде продавачот Кристијан Марковски – Кико. Целта на иницијативата е да се земе учество во поддршката на ваквиот вид социјално претприемништво и да се поддржи интеграцијата на лицата од маргинализираните и ранливи групи на општеството.

– Нашето дружење продолжува, а јас и моите колеги во Секретаријатот имавме можност да си купиме примерок од списанието и со тоа да го поддржиме овој модел на социјално претприемништво, вели вицепремиерот Маричиќ.

Според Маричиќ инклузивноста на маргинализираните и ранливите групи во општеството е европска вредност која треба ја споделуваме и ние. Давањето поддршка на ранливите групи, особено за нивното економско зајакнување и овозможување достоинствен живот за нив е наша должност. Секој чекор кон нивна поддршка е чекор напред за општеството, смета Маричиќ.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија