Карпош: Почна учебната година за 700 првачиња

ОпштиниКарпош: Почна учебната година за 700 првачиња

Најчитано

По повод почетокот на новата учебна година градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и членови на Советот на општината присуствуваа на приемот на првачињата во ООУ „Петар Поп Арсов“.

Градоначалникот им посака на првооделенците среќен почеток на едно ново поглавје во животот, со надеж дека во текот на нивното образование пред се ќе станат добри синови и ќерки на нивните родители, добри граѓани на Република Македонија, а потоа и успешни во професиите кои ќе ги одберат.

Седумстотини дечиња од општина Карпош денеска по започнуваат можеби најважен ден во животот, а тоа е првиот училишен ден и почетокот на основното образование во кое тие се стекнуваат со нови знаења, нови вештини, во кое го подигаат нивото и на општа култура. Ние како општина настојуваме да им создадеме максимално сите услови за работа на учениците во основното училиште. Сакаме овие 700 ученици со одличен успех низ следните фази, во целата деветолетка, најголем дел од нив да бидат академски граѓани, идни професори, доктори, инженери, но најважно е да бидат добри синови и ќерки на нивните родители и да бидат добри граѓани на Република Македонија, и се надевам дека ќе останат тука во Македонија да и служат на својата татковина, а ние како нивни избраници треба да се потрудиме што е можно подобри услови да им обезбедиме за животи и работа за да можат да останат овде. Нека е со среќа првиот училишен ден не само во општина Карпош туку во цела Македонија, изјави градоначалникот Јакимовски.

В.Д. директорот на ООУ „Петар Поп Арсов“ , Даниела Штерјова исто така им посака добредојде на првачињата, порачувајќи им дека од денес училиштето ќе биде нивниот втор дом.

На свеченоста присуствуваше и главниот извршен директор на Халкбанка, г-дин Билал Суџубаши, кој на учениците им посака среќен почеток и успешно образование, а од банката во рамки на проектот „Среќно прваче“ беа обезбедени подароци за сите првачиња во сите основни училишта во Карпош.

Првачињата од Карпош добија подарок и од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе