Кисела Вода: Тоше и Габриела Зафирови на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски

ОпштиниКисела Вода: Тоше и Габриела Зафирови на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски

Најчитано

Првите Македонци кои воопшто учествувале на “Мистер Олимпија”, од таму се вратија со медали. По огромниот успех на ова светско натпреварување во фитнес и бодибилдинг, каде Арнолд Шварценегер бил победник пет пати, Тоше Зафиров и Габриела Зафирова завчера беа гости на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

Тој најпрво им честиташе за огромниот успех постигнат на најстарото и најеминентното натпреварување, кое од 19 до 21 август годинава се одржа во Букурешт, Романија. Меѓу повеќе од 2000 натпреварувачи, Тоше Зафиров успеа да влезе во финалето и се пласираше како петти, додека неговата сопруга Габриела во категориите бикини фитнес и велнес успеа да земе две трети места.

Поразговараа и за подготовките за следниот натпревар, “Мистер Олимпија” во Лас Вегас, за што интензивно работат, како и за значењето на фитнесот како дел од здравото живеење, кој секој може и треба да го применува. Зафиров информираше дека во клубот “Гладијатор”, лоциран во Кисела Вода, имаат околу 400 членови, меѓу кои има и лица над 70 години. Со градоначалникот Ѓорѓиевски, парот Зафирови говореше и околу можностите за мотивирање и инспирирање на помладата генерација, како и за промовирање на здравиот начин на живот, како концепт кој ќе го следат во годините што се пред нив. Од 1997 година до денес, Зафирови имаат освоено огромен број на награди и сертификати, а преку нивната Академијата FitBiz обучија и многу други да го прават истото. Зафиров е и автор на книгата Книга „Патот кон врвот”, која во следниот период ќе добие и свое продолжение насловено “Патот до Олимпија”.

-Големите цели бараат големи идеи, посветена работа и дисциплина. Тоа е единствениот пат кон успехот, и вредностите кои Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник ги почитува и цени. Ви посакувам уште многу успеси и ваша лична, но преку нив и афирмација на Општина Кисела Вода. На нашата поддршка секогаш може да сметате, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на крајот од средбата.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе