spot_img
spot_img

МП: Тупанчески се сретна со министерката за правда на Србија, Поповиќ во Белград

МинистерстваМП: Тупанчески се сретна со министерката за правда на Србија, Поповиќ...

Најчитано

Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со министерката за правда на Србија, Маја Поповиќ на маргините на самитот ,,Отворен Балкан” кој се одржа во Белград. На средбата присуствуваа и Ливија Павичевиќ, државен секретар во министерство за правда и Дејан Царовиќ од Управа за извршување на кривични санкции на Србија.

Министерите се договорија да одржат заедничка конференција на која ќе се разменат искуства и решенија од двете соседски земји  во врска со правосудниот систем. Посебен акцент ќе се стави на  дигитализација во судството,  начинот на  избор на судии и јавни обвинители, изнаоѓање на решенија за подобрување на условите во казнено поправните установи како и извршување на алтернативни мерки.

Тупанчески и Поповиќ  разговараа и за соработката меѓу двете држави во пресрет на почетокот на преговорите на нашата држава со Европската Унија. Договорено е во наредниот период да се интензивираат консултациите и размената на искуства со цел да се забрзаат реформите во евроинтегративните процеси. Тупанчески и Поповиќ потенцираа дека добрососедските односи треба да продолжат да се развиваат и  во  иднина. Иницијативата за Отворен Балкан на Република Северна Македонија, Албанија и Србија се покажа дека е функционална и европска, а целта е политиката да се развива низ отворени врати со единствен пазар ,без граници и интеграција во ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе