Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, кој го распиша Конкурсот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2022 година, ги потсетува заинтересираните дека пријавите за Наградата се поднесуваат заклучно до 10.септември 2022 година.
Пријавите за Наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за доделување на Наградата заклучно се доставуваат до Град Скопје, (архива–барака број 16 на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк).
Наградата „13 Ноември на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието, и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.
Конкурсот беше објавен во весниците: „Нова Македонија“, „Слободен печат“ и „Коха“.
Наградите се врачуваат на посебна свеченост од страна на Градоначалникот на Град Скопје, на 13 ноември- Денот на ослободувањето на Градот.
Извор: Град Скопје