МЖСПП: Ги забрзуваме постапките за искористување на ИПА средствата и се подготвуваме за преговарачките процеси во животната средина

МинистерстваМЖСПП: Ги забрзуваме постапките за искористување на ИПА средствата и се подготвуваме...

Најчитано

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која разговараа за степенот и статусот на реализација на сите големи инфраструктурни ИПА проекти. се разговараше за проектите за изградба на колекторски систем за Кичево, изградба на колекторски систем, секундарна мрежа и пречистителна станица за отпадни води за Тетово и Битола, воспоставување на регионалниот систем за отпад во Источниот и Североисточниот регион и др.

Посебен акцент беше ставен на  можностите за забрзување на постапките за склучување на договорите во првец на максимално искористување на финансиската помош што ЕУ и ја дава на нашата држава. Но беше истакнато дека покрај поддршката во реализација на големите инфраструктурни проекти исто така треба да се посвети внимание и на реформските проекти што ќе го олеснат процесот на преговарање и пристапување кон ЕУ.

На средбата се најави и започнување на големиот проект за поддршка на институциите во Република Северна Македонија во процесот на преговарање кој ќе се биде управуван од Секретаријатот за европски прашања во кој збначајна улога ќе има и Министерството за животна средина и просторно планирање, како институција одговорна за управување со животната средина.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

 

 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе