spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Во интерес на вработените заедно со Владата го решаваме проблемот во...

МЗШВ: Во интерес на вработените заедно со Владата го решаваме проблемот во АД Водостопанство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата одговорно го разгледуваат прашањето со обезбедување на дополнителни финасиски средства за АД Водостопанство. Владата веќе одобри дополнителна финасиска помош за АД Водостопанство до 200 милиони денари со кои ќе се реши овој проблем.

Исто така се работи на нов модел за преструктуриање на АД Водостопанство, кој треба да ја подобри и зголеми ефикасноста на вработените.

Во интерес на јавноста сакаме да напоменеме и за околноста дека АД Водостопанство е посебен орган кој работи самостојно со сопствен буџет и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема никаква законска можност за распределба или управување со нивните средства, особено за платите кон вработените.

Меѓутоа како никогаш до сега МЗШВ вложува во изградба на нови системи за наводнување. Преку сите започнати нови капитални инвестиции во овој период обезбедуваме наводнување за нови 20.000 хектари земјоделски површини.

Се гради браната Конско, а работиме на проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар. Со поддршка на ЕУ се градат седум мали нискотрошковни системи за наводнување во Конопница, Теарце и Пишица, системите Чаушица и Славишко Поле се веќе завршени, а следуваат системите Сопот и Новаци.

Преку KfW обезбедивме дополнителни 120 милиони евра со кои се подготвува проектна документација за системите Конско, Лисиче, Страиште, Пепелиште каде се обезбедува наводнување за вкупно 15.500 хектари земјоделско земјиште. Дополнително со ребалансот на буџетот за 2022 година 450 милиони денари, нови дополнителни средства за реализација на капитални инвестиции во делот на водоснабдувањето за проектите Конско, Равен – Речица и Речани.

Токму преку овие капитални проекти како министерство уште еднаш потврдуваме дека наш главен приоритет е редовно и навремено наводнување на земјоделските површини, како и проширување на системите со нови инвестиции.

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...