spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНашиот концепт на Уставот секогаш бил инклузивен за сите заедници

Нашиот концепт на Уставот секогаш бил инклузивен за сите заедници

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во вестите на „Канал5“ изјави дека паралелно со процесот на скрининг во тој период има можност и обврска да се заврши дополнувањето на Уставот со додавање на некои заедници, Хрватите, Црногорците, меѓу кои и Бугарите во Преамбулата и во уште една точка во Уставот, каде што се споменуваат сите поименично.

– Од наш аспект содржински нема никаква пречка тоа да се направи, мислам дека нашиот концепт на Уставот и нашиот амбиент секогаш бил инклузивен за сите заедници. Ние ќе отвориме дијалог со сите политички партии, како Влада, но и со сите пратеници. Сметаме дека ќе има можност пратениците да се определат јасно дали се за продолжување на европскиот пат, дали се за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Или пак се за застој, враќање назад и отстапување од тој пат, рече вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ изрази верување дека ќе ја искористи шансата ВМРО-ДПМНЕ да биде на страната на членството на Северна Македонија во Европската Унија, што е стратешки приоритет веќе 30 години на Северна Македонија.

– Веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати оваа шанса, и оваа можност, бидејќи ја пропуштија за НАТО, како партија, иако дел од пратениците тогаш го поддржа Преспанскиот договор и уставните измени, додаде Маричиќ.

На прашањето дали процесот на скрининг, кој започнува средината на септември, се разликува од процесот на скрининг на Албанија, вицепремиерот Маричиќ рече дека ние започнуваме на ист начин и со истите инструменти како и Албанија, потенцирајќи дека и во 2018 и 2019 година тој примарен, подготвителен скрининг го правевме заедно со Албанија и дека и овој пат, во јули, првата сесија на скринингот беше заедно со Албанија.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...