spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Забрзано се работи на реконструкцијата на улицата Скоевска во Радишани

Град Скопје: Забрзано се работи на реконструкцијата на улицата Скоевска во Радишани

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски извршија увид во градежните работи на реконструкцијата на улицата Скоевска во населба Радишани, што започнаа пред еден месец.
– Денеска извршивме увид во започнатите градежните активности на улица Скоевска, чија реконструкција предвидува обнова на коловоз како и партерно уредување и зеленило за прв пат по 4 децении, со што се подобрува безбедноста и движењето за учесниците во сообраќајот и овозможува соодветна патна инфраструктура -кажа градоначалничката Арсовска.
Таа додаде дека Градот ќе ги продолжи теренските активности и реализацијата на инфраструктурните проекти со цел надминување на долгогодишните проблеми и предизвици со кои се соочуваат скопјани.
Во проектот е предвидена целосна реконструкција на коловозот на улицата и на нејзините три краци, со вкупна должина од околу 1800 метри и ширина од 6 метри, од крстосницата со ул. Ѓоре Ѓоревски до крстосницата со ул. Радишанска, како и партерно уредување и зеленило.

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...