Илинден: Реконструкција на главната улица во Мралино

ОпштиниИлинден: Реконструкција на главната улица во Мралино

Најчитано

Општина Илинден започна со реконструкција на главната улица во Мралино, во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура, изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта. Станува збор за капитален проект кој опфаќа реконструкција на главната улица во Мралино во должина од 650 метри и изградба на пешачка патека по должина на целата улица и ширина од 1,5 метри.

Увид во градежните работи на овој значаен патен правец  денеска направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека со реконструкцијата на оваа улица се овозможуваат подобри услови за граѓаните со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, пешаците и велосипедистите.

Со изградбата на улицата на граѓаните значително им се подобруваат условите за живот во нивното секојдневно функционирање. Се подобрува секојдневната комуникација на граѓаните од овие населени места со административниот дел на Општината и значително се намалува времетраењето на патување до нивните работни места.

Градоначалникот Георгиевски покрај извршениот увид во градежните активности, оствари средба со граѓаните од населеното место Мралино, на која се разговараше за потребите на овие жители.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат реконструирани и изградени повеќе улици, патишта, пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места.

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе