spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градиме паркинг места и креираме нов урбан лик на централно...

Кисела Вода: Градиме паркинг места и креираме нов урбан лик на централно јадро

Во насока на урбанизирање на централниот дел на општина Кисела Вода кој со години наназад е запуштен и покрај барањата на жителите, Општина Кисела Вода започнува со градежни активности кои ќе се интезивираат во претстојниот период.

 

Денес градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид на улицата “Ѓорѓи Димитров”, веднаш спроти ДУРДМОВ “Димитар Влахов”, каде од утрово се работи на изградба на нов паркинг простор и уредување на патеката која ги поврзува “Ѓорѓи Димитров” и улицата “Локов”.

 

-Се работи за паркинг простор од околу 600 квадратни метри, каде ќе може да се паркираат 65 возила и патека од 300 квадрати која ќе ги поврзе овие две доста фреквентни улици. Во непосредна близина се наоѓаат и училиштето за деца со оштетен вид, како и градинка што укажува на потребата од дополнителни паркинг места, што пак ќе придонесе и за намалување на метежот и на изгубеното време во барање слободно место за паркирање. Освен на подобрување на функционалноста, која е приоритет за нас како локална самоуправа, градежните работи за поплочување и асфалтирање на патеките кои ги стартуваме во централното јадро на Кисела Вода, ќе овозможат уредување на просторот околу зградите и креирање на нов, урбан лик. Сакам да нагласам дека ова е само почеток и дека во периодот што е пред нас интензивно ќе работиме на подобрување на функционалноста и естетиката на Кисела Вода и нејзина трансформација во современа и модерна општина, каква што заслужуват нашите граѓани, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку, во изминатиот деветмесечен период, Општина Кисела Вода изгради повеќе паркиралишта, како паркингот на улицата Бранко Заревски. Покрај овој, во населбата Драчево, се гради и уште еден, на улицата Коперникова. Нов паркинг простор добија и жителите на Бирарија, до градинката, како и грашаните кои живеат во близина на бензиската станица кај Мечкаров. Во фаза на изградба е пракиралиштето во Расадник, а веќе се нарачани сообраќајни проекти за улиците Иван Козаров и Христо Татарчев што ќе овозможат нови паркинг места и соодветно регулирање на сообраќајот во мирување.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...