spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Учество на Државниот секретар Чекиќ Дуровиќ на бизнис форумот во Алмати,Република...

МЕ: Учество на Државниот секретар Чекиќ Дуровиќ на бизнис форумот во Алмати,Република Казахстан

Во рамки на B2B ДЕЛОВЕН БИЗНИС ФОРУМ-КОНФЕРЕНЦИЈА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – РЕПУБЛИКА КАЗАКСТАН, кој се одржува на 5-6 септември 2022 година, Алмати, Република Казахстан, учество имаше државниот секретар во Министерството за економија Размена Чекиќ-Дуровиќ.

Во своето обраќање кон присутните, Размена Чекиќ-Дуровиќ истакна дека овој заеднички бизнис форум е одлична можност да се креираат позитивни економски релации меѓу двете земји, кои треба да бидат основен двигател за продлабочување на економската соработка.

Имено, нашите две земји, веќе создадоа блиски трговски врски во рамки на билатералниот Договор за економска соработка и правилата на Светската Трговска Организација за олеснување на трговијата, кои овозможуваат да користиме национални правила во увозот во двете земји. Министрите за економија на двете земји веќе договорија следниот месец односно во октомври да одржат седница на ниво на Мешовит комитет. За прв пат откога се воспоставени дипломатските односи, ќе се одржи ваква седница на која ќе се разговара за економски проекти и можност за искористување на економските потенцијали, во разни економски области, како што се енергетиката, агроиндустријата, информатичка технологија, транспортни системи, фармацевтската индустрија, градежништвото и други области од заемен интерес.

Инвестициите и извозот се клучните столбови на одржлив економски раст. Интернационализацијата на компании и сектори се битни во процесот на економски развој и поттикнување на СДИ.

На крај од обраќањето посака деловните контакти денеска да ја продлабочат соработката и да произлезат нови иницијативи, кои во брзо време ќе дадат успешни резултати.

На деловниот бизнис форум поздравно обраќање имаа заменик министерот за национална економија г-дин Абдикаримов Абзал Алиевич, заменик министер за надворешни работи, г-дин Ајдаров, амбасадорот на Република Северна Македонија во Нур-Султан г-дин Лимани и претседателите на  стопанските комори на двете земји  Хоџа и Јеренов.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...