spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба Алити-Бојчева

МИОА: Работна средба Алити-Бојчева

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска оствари работна средба со Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Се разговараше за зголемување на одговорноста во зајакнувањето на транспарентноста на институциите како критичен фактор за намалување на корупцијата, како и за професионалноста на јавната администрација вклучително и ефикасноста на услугите кон граѓаните.

 

Алити и Бојчева се согласија дека ваквите работни средби ќе продолжат и во иднина во насока на продлабочување на соработката.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...